Познатиот српски актер Мики Манојловиќ во Белград ја поставува драмата „Додека смртта не не’ раздели“, на својата колешка од Хрватска, Мира Фурлан.
„Се работи за драма чие дејствие се случува во седумдесеттите години на 20. век на овие простори“, вели Манојловиќ кој освен режисер, ја има главната улога и е продуцент на претставата, која се подготвува во „Работилница за интеграција“, неговиот простор, првенствено наменет за луѓе со инвалидитет.
Според учесниците на овој проект, драмата на Мира Фурлан е исклучителна сторија со силен емотивен набој, која ја следи интимната приказна на три генерации жени: бабата, мајката и ќерката на еден натуралистички начин.
Премиерата на оваа претстава, која во Белград се чека како значаен културен настан, е најавена за 25 април.