Министерката за образование Мила Царовска го напиша следното по повод денешниот празник на нејзиниот Фејсбук профил:
Делото со кое нè задолжија Светите браќа Кирил и Методиј како основачи на првото словенско писмо и со кое оставија драгоцено цивилизациско богатство за македонскиот народ и за сите словенски народи, нѐ поттикнува да размислуваме и да дејствуваме, без предрасуди, да ги негуваме нашите вредности и да ги почитуваме другите.
Нека ни е честит и вековит 24. Мај, Денот на сесловенските просветители – Светите браќа Кирил и Методиј!