Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во која богати странци, меѓу кои и италијански државјани, плаќале високи суми на пари за да учествуваат во „ловечки викенди“ со пукање кон цивили за време на опсадата на Сараево (1992-1996).
Истрагата е отворена врз основа на пријава поднесена од италијанскиот новинар и писател Ецио Гавацени, под сомневање за повеќекратно намерно убиство, отежнато со подли мотиви и суровост.
Центар на транзит биле Милано и Трст .Според сведоштвото на босанската новинарка и активистка Менсура Буриџ, која неодамна ја раскажа својата приказна за италијанскиот портал „Фанпејџ“ (Fanpage.it), лицата кои доаѓале од западните земји (како Англија и Германија) патувале преку Италија. Линк

