Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милановиќ за нон-пејперот: Таа хартија е големо сра…е

0
By Нова ТВ on April 17, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска без влакна на јазикот го оцени наводниот документ за промена на границите на Балканот, изразувајќи надеж дека тој не потекнува од Словенија, објави денивник.хр.

Последните денови, јавноста во регионот се занимава со наводниот нон-пејпер за промена на границите на балканските држави и нивна реорганизација по етнички линии, а медиумите како автори ги споменуваат највисоките словенечки функционери, што тие негираат.

„Секое мирно разидување, Хрватска до Дрина, Белград до Уна – тоа не доаѓа предвид. И во таа смисла, таа хартија е големо сра..е“, рече Милановиќ.

Словенечкиот претседател Борут Пахор на прес-конференција вчера рече дека е посветен на интегритетот на БиХ, се спротивставува на промена на границите на Балканот и ги повика сите земји во регионот да го забрзаат пристапувањето во ЕУ.

Премиерот Јанез Јанша, пак, кој се споменуваше дека му го предал овој документ на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, негираше дека испратил некаква хартија во Брисел, а медиумите блиски до него велат дека обвинувањата се обид на домашната опозиција да го компромитираат пред Словенија да го преземе претседателството со ЕУ на почетокот на јули.

Милановиќ вели дека се надева дека неофицијалниот дипломатски документ не дошол од Љубљана затоа што, како што рече, објективно, многу ги почитува и мислам дека не се толку „удрени“.

За Јанша вели дека „тој може да биде „проблематично дете“ и уште нешто покрај тоа, но не верува дека стои зад вакво нешто.

Тој исто така не верува дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе застане зад идејата за обединување на Косово и Албанија.

„Значи, прво признавањето на Косово, што е веќе многу, а потоа и обединувањето на Косово и Албанија. За да дојде таа идеја од Белград, тоа е еден вид комбинаторика која ја надминува имагинацијата и сценаристите на најдобрите белградски крими -серии “, рече хрватскиот претседател.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.