Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милчин: Дебата ќе има – за криминалот на Груевски и Ахмети

0
By Нова ТВ on August 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ако навистина му е до изнаоѓање на решение на спорот за името и ако навистина му е приоритет влегувањето во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, Ахмети ќе го соочи со тоа Груевски, со кого ја дели власта. Кога Груевски ги демонизираше тие што навистина јавно се залагаа за тоа, Ахмети си молчеше кооперативно со Груевски и партнерски уживаше во благодетите од неограничената власт. А сега бара јавна дебата за компромис за името!“, напиша режисерот Владимир Милчин на својот Фејсбук профил. Еве го стусот во целост:

“Па, Ахмети им пишува писма на дузина ислужени политичари! Па го кани Заев на разговор за тоа, а пак овој му прифаќа наместо да му одговори јасно и гласно дека патот кон НАТО и ЕУ го затвори токму тој со кого ја дели власта.

– Затоа Груевски и Ахмети треба да го отворат тој пат. А за да има јавна дебата Груевски и Ахмети треба најпрвин да им се извинат на оние кои беа обвинети дека се грчки платеници, продадени души и слично. Западните амбасадори, со исклучок на Ерван Фуере, главно молкум го следеа ловот на вештерки во режија на Груевски, а сега бараат јавна дебата.

– Кој да дебатира? Опозицијата, која, секојдневно трујат медиумите контролирани од власта, е предавничка? “Соросоидите”, за кои труеја Ставрески и Бичиклиски дека го продавале и името и идентитетот и јазикот? Гемовци, изналепени како тарабите од Скопје 2014?

ЕК и Филе му доделуваа на Груевски позитивни извештаи, а западните банки и монетарни институции му одобруваа кредити пред секои избори? Ги финансираа победите на Груевски, а сега бараат јавна дебата?! Направија многу за да го засилат режимот на Груевски и да ја ослабат партиската и непартиската опозиција.

– И што сакаат сега? Го изгубија кредибилитетот, ја згазија довербата во ЕУ и НАТО, ги уништија илузиите дека демократите можат да сметаат на нивната поддршка. Не знам што бараат и што им веќаваат на лидерите на СДСМ, но се надевам дека Заев и Шеќеринска ја научија лекцијата и дека нема да дозволат да бидат превеслани уште еднаш.

Марш кај Груевски, така треба да гласи одговорот на сите покани за разговори и фотографирања од кои ќар ќе има само Груевски. Дебата има и ќе има, но заради потребите на македонските граѓани. И таа дебата ќе се занимава со прашањето на криминалот на режимот на Груевски и Ахмети! “, напиша режисерот Владимир Милчин на својот ФБ профил.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.