Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Миљенко Јерговиќ со порака што да сториме светот никогаш да не исчезне

0
By Нова ТВ on May 31, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од најголемите писатели и колумнисти, Миљенко Јерговиќ, вчера, во Даут пашиниот амам, при примањето на наградата Прозарт на фестивалот Про-за Балкан, прати порака за единственото важно нешто кое не прави да се чувствуваме живи, заради кое светот нема никогаш да исчезне- човечноста и нашите напори да ги живееме соништата за подобар свет.

-Пред неколку недели тука во Скопје некои луѓе тепаа други луѓе. Ние тоа го гледавме на телевизија. Беше ноќ, кога на човека низ глава му минуваат разни лоши мисли, па мислевме дека можеби нема да можеме да дојдеме. Мислевме дека можеби нема да може да патуваме за Скопје, дека ќе бидат затворени аеродромите, ќе бидат затворени границите, затоа што некои луѓе тука тепаа други луѓе.

Мојот страв не беше без основа. Имам искуство со тие работи. Уште од онаа пролет, пред точно дваесет и пет години, кога по настаните пред Собранието на Босна и Херцеговина почна опсадата на Сараево и една страшна војна.

Навистина, тогаш никој никого не тепаше, но сцените беа многу слични. А слични беа и причините. Еден ден се затвори аеродромот, автобусите веќе не поаѓаа од автобуската станица, со мини се запалени возовите на сараевската железничка станица.

Се уплашивме таа вечер дека сето тоа би можело да се повтори.

За среќа, тоа не се случи.

И тоа е причина за славење.

Постои и втора причина. Се наоѓам меѓу луѓе кои читаат. Тие ќе го спасат светот.

Светот ќе го спаси секој Македонец кој, сеедно на кој јазик, ќе ги чита генијалните романи на Исмаил Кадаре. Ќе го спаси секој Албанец кој го има читано Влада Урошевиќ, и кој токму како Албанец би бил посиромашен, понепотполн, понецеловит, да не го читал Влада Урошевиќ.

Тоа е, што се однесува до мене, таа двојазичност. Тоа е тој Устав и закон. Тоа е таа тиранска, скопска, тетовска, кумановска и струшка платформа. Тоа е она што сме и што единствено и можеме да бидеме. Ние коишто читаме.

Сето останато е илузија. Крвава, но вечна илузија, дека нашите луѓе ќе ги претепаат и ќе ги навјасаат нивните луѓе. Дека ќе бидеме посилни на тупаници.

А потоа и дека ќе имаме подобри пушки, топови и тенкови.

И дека на наша страна имаме посилни и помоќни сојузници: Американци, Руси, Турци.

Со таква крвава илузија почнуваат војни. Кои се завршуваат кога и последниот патриотски идеалист ќе сфати дека тоа било само илузија. И дека сите така започнати војни завршуваат без победници. И дека со секоја на таков начин загубена војна се губи и по неколку нови, се уште незапочнати војни, кои ќе почнат во име на крвавата илузија на историјата, за да ги одмаздиме сите наши невини жртви. И секоја од тие незапочнати војни ќе биде загубена.

Овој свет нема да го спасат воени херои. Нема да го спасат големи генерали.

Ќе го спаси Македонец кој ја чита „Генералот на мртвата војска“ на Исмаил Кадаре.

Ќе го спаси Албанец кој ја чита „Мојата роднина Емилија“ на Влада Урошевиќ.

Не е ова поетска фигура. Разбирањето на другиот не може да биде поетска фигура, иако од разбирањето на другиот може да се создаде голема поезија. Ова е студена реалност. И единствен наш спас.

Светот ќе биде спасен кога Исмаил Кадаре ќе стане македонски писател.

Светот ќе биде спасен кога Влада Урошевиќ ќе стане албански писател.

Миљенко Јерговиќ,

30.05.2017
Даут Пашин Амам

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

ВЕСТИ October 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот…

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.