Милорад Миленковски: Уште на 10- ти јуни имавме средба со Владата и ни кажаа дека имаат решение за Вардар, но треба да им ги предадеме акциите. Од таму инсистираа Миленко Неделковски да биде Извршен директор на клубот. Ние не прифативме прво, но на 3. јули бевме принудени да го предадеме клубот и да му пружиме рака на Миленко. … Ние никогаш не сме кажале дека имаме стереотипи кон одредени личности, затоа што и ние се бориме со стереотипи цело време. Ние кажавме само дека Неделковски не е за тоа место во Вардар. Не е достоен за да биде во Вардар. Ние стоиме зад тоа дека на чело на Вардар треба да биде човек кој не го поларизира општеството и не ги политизира нештата во фудбалот и спортот, туку човек кој обединува. Линк