Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милевски: До последно ќе се бориме за мундијалски бараж

0
By НОВА ТВ on November 3, 2021 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шест бодови од натпреварите против Ерменија и Исланд е целта со која македонската фудбалска репрезентација влегува во завршниот ноемвриски циклус во мундијалските квалификации, најави денеска селектор Благоја Милевски.

„Црвено – жолтите“ на 11 ноември и гостуваат на Ерменија во Ереван, а три дена подоцна во Скопје го пречуваат Исланд во завршниот натпревар во рамки на групата Ј, во која избраниците на Милевски се моментно третопласирани со 12 бодови, еден помалку од Романија на второто место, кое обезбедува мундијалски бараж.

– Нашата цел е јасна, а тоа е победа на следните два квалификациски меча. Сакам тоа што го работиме на тренинзите и се договараме да го покажеме и на самиот терен. Се надевам дека сите фудбалери што се повикани за овие два дуели ќе бидат комплетно здрави и подготвени да одговорат на предизвикот, изјави Милевски на денешната прес-конференција во Скопје.

– Фокусот е комплетно насочен кон дуелот со Ерменија. На натпреварот против нив во Скопје одигравме доста добро, но за жал немавме среќа да постигнеме гол, пропуштивме многу прилики. Се надевам дека добрата игра во Скопје ќе ја покажеме и во Ереван. Ќе даде ме се од себе, не се откажуваме и до последно ќе се бориме за да успееме да обезбедиме пласман во баражот за СП, додаде Милевски.

Селекторот посочи дека се соочува со проблеми со повредени играчи, поради што неизвесен е настапот на играчите од средниот ред Стефан Спировски и Тихомир Костадинов.

Поради повреда во составот го нема Аријан Адеми, а на негово место е повикан дебитантот Ваљон Етеми од турскиот суперлигаш Истанбулспор.

– Етеми беше член на селекцијата на Македонија до 21 година. Се работи за млад играч кој има квалитет и потенцијал, игра во одлична форма сезонава во турската втора лига, лига која не е за потценување и е доста квалитетна. Потребен му е континуитет добри игри, се надевам дека ќе го зголеми квалитетот во селекцијата, посочи Милевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

ВЕСТИ October 2, 2025

Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации…

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.