Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ, обвинува дека Апелациониот суд потклекнал пред политичкиот притисок на СДСМ и медиумите блиски до СЈО.
– Судот не го издржа притисокот на СДСМ и не си ја исполни законската обврска судиите да одлучуваат само и само врз основа на Устав и на закон и никако поинаку – рече Милошоски, на денешната прес конференција.
Милошоски тврди дека да се донесе одлука во која што нелегално стекнати материјали би можеле да бидат употребувани како докази во Република Македонија е нешто слично како американски суд да донесе одлука дека шпионски стекнатите докази на Џулијан Асанж и Сноуден можат да бидат користени како докази против американските претседатели, државни секретари, конгресмени или сенатори.
Според Милошоски, ваквите одлуки потсетуваат на „Среќна Нова 49-та година“, кога се прогонувале политички неистомисленици само заради тоа што имаат свој став или политичко мислење различно од тогашната владејачка структура.

