Талахаси: Флорида ги чисти соборените дрвја,далноводи и поплавените населби откако ураганот Милтон помина оставајќи најмалку 14 мртви.
Иако Милтон не го предизвика катастрофалниот наплив на морска вода за кој се стравуваше во Флорида, една од многуте држави погодени од ураганот Хелен пред две недели, операцијата за чистење за некои може да трае со недели или месеци.
Петтиот најсилен ураган во Атлантикот досега, би можел да ги чини осигурениците до 100 милијарди долари, велат аналитичарите. Белата куќа вети поддршка на владата бидејќи се уште се утврдува целосниот обем на штетата