Македонскиот институт за медиуми утре (25.март) ќе ја додели новинарската награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2013 година.
Доделувањето ќе се одржи во Клубот на новинарите, со почеток во 11:30 часот.
На годинешниот конкурс пријавени се 21 автор со вкупно 29 стории обработени во 91 прилог кои беа објавени во дневните весници и Интернет портали.
Наградата се доделува традиционално по тринаесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.