Повеќе од 200.000 луѓе учествуваа во денешниот протест во Минхен против екстремната десница, соопшти германската полиција.
Две недели пред предвремените парламентарни избори, демонстрантите под мотото „Потребни и сте на демократијата“ се спротивставуваат на каква било соработка со ултрадесничарската Алтернатива за Германија – АфД.
Додека „Бабите против екстремната десница“, движење формирано во 2018 година, денеска повика на демонстрации во неколку германски градови, меѓу кои и Хановер, каде учествувале околу 24.000 луѓе.
Минатата недела во Берлин против ултрадесницата протестираа повеќе од 160.000 луѓе.
Протестите беа иницирани минатата недела откако конзервативниот кандидат – ЦДУ за канцелар и фаворит во анкетите Фридрих Мерц почна да се приближува до АфД, односно побара поддршка во Парламентот за усвојување на необврзувачки предлог за блокирање на сите странци без документи, вклучително и баратели на азил, на границата.
Традиционалните партии досега одбиваа секаква соработка на национално ниво со екстремната десница во име на така наречениот „заштитен ѕид“ подигнат против оваа националистичка и антиимигрантска формација.
Протести против екстремната десница се одржаа и во повеќе други германски градови.