НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министер со бугарско државјанство во владата на Христијан Мицкоски

0
By Marija Todorovska on June 28, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Александар Димитриевски

Министерката за енергетика и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сања Божиновска, директорувала со хрватската канцеларија на фирмата „Руднап“ користејќи бугарски пасош. Тоа е видливо од јавно достапниот регистар на Трговскиот суд во Загреб. Во изјава за „360 степени“, министерката Божиновска негира дека поседува бугарско државјанство, но не одговара дали поседувала. Нашите дополнителни проверки покажаа дека таа побарала отпуст во втората половина на минатата година и дека процедурата не е завршена, што значи дека сè уште е бугарска државјанка.

Министерот кој треба да биде одговорен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, кој отворено декларирал дека поседува и белгиско државјанство, коментира: „Декларирање на второто државјанство е прашање на транспарентност и е неопходно барем кога станува збор за етичко ниво. Кога се работи за високи државни функционери, би требало да е норма“

Викендов земјава доби нова влада. На број, новиот владин кабинет ќе има 24 члена. Од нив, еден премиер, 20 ресорни министри и тројца министри без портфолио.

Овој текст, сепак, не се занимава со обврските што ги носи секој поединечен ресор, туку со прашањето на интегритет, политички морал и потенцијален судир на интереси. Бидејќи еден министер отворено декларирал, а најмалку еден сокрил дека има двојно државјанство. Поседувањето двојно државјанство не е забрането со закон, но отвора дилеми за моралните квалитети, како и за тоа што ќе се случи ако министер биде во состојба да одлучува за прашања што ги засегаат двете или повеќе негови татковини?

Сања Божиновска

Во биографијата на министерката што го води новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини пишува дека е родена во Скопје во 1980 година. Во графата националност декларирала „македонска“. Има високо образование надвор од државава и работно искуство надвор од државава, меѓу другото, и во групацијата „Руднап“ со седиште во Белград, Србија, каде што била „извршен директор на сите компании во Централна и Источна Европа за трговија со електрична енергија“ и била одговорна за активности во „Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Македонија, Романија, Унгарија, Кипар, БиХ, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Чешка, Австрија, Грција“.

Ако се провери историјатот на филијалата на „Руднап“ во Загреб, кој е бесплатен и јавно достапен запис, на неколку места се среќава името на Сања Божиновска. На ден 6.12.2013 година, кога се правени измени во структурата на компанијата, освен што ѝ е споменато името Sanya Bozhinovska, пишува и дека лицето има матичен број (личен идентификациски број): 38563731070 и број на пасош 382526102, но не на Република Македонија, туку на Република Бугарија. И дека живее на адреса во Белград.

Принтскрин од јавно достапната интернет-страница на Трговскиот суд во Загреб

Или, Сања Божиновска, која, според биографијата, тогаш работела за компанијата „Руднап“, во Хрватска била пријавена и се идентификувала со бугарски пасош. А за бугарски пасош, прво е потребно да се обезбеди бугарско државјанство. За некој, пак, да добие бугарско државјанство, треба да се декларира дека се чувствува како Бугарин пред тамошните власти.

Имајќи ги предвид овие факти, се обративме до министерката Сања Божиновска. На прашањето дали поседувала или дали во моментов поседува бугарско државјанство и зошто не го декларирала во биографијата приложена кон предлогот за состав на новата влада, таа ни одговори:

Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини

„Што се однесува до вашите конкретни прашања, во мојата официјална биографија е јасно наведено дека сум македонска државјанка и дека поседувам и чешко државјанство. Во врска со тврдењата за бугарско државјанство, сакам да нагласам дека не поседувам бугарско државјанство и сите релевантни информации се транспарентно наведени во мојата биографија“.

Што се однесува до бугарското државјанство, министерката Сања Божиновска на ниту едно место во одговорот не кажува дали во минатото го поседувала иако и тоа е дел од прашањето.

„360 степени“ направи дополнителни проверки кои покажаа дека Сања Божиновска побарала отпуст од бугарско државјанство во втората половина на минатата година и дека процедурата сè уште не е завршена. Преведено, тоа значи дека Божиновска сè уште е државјанка на Република Бугарија.

Во хронологијата на настаните, неколку месеци откако побарала отпуст од бугарско државјанство, Божиновска станува членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – во февруари оваа година.

Во однос на поседувањето чешко државјанство, пак, за што министерката Божиновска тврди дека го декларирала, таква информација не може да се најде во нејзината биографија доставена од мандатарот Христијан Мицкоски до Собранието. Како што наведовме, за националност напишала само „македонска“, а во делот мајчин јазик напишала „македонски“. Чешка е спомната пред сè во работното искуство, а чешкиот јазик кај останатите јазици кои ги познава. Но, на ниту едно место не е спомнато и чешко државјанство.

На прашањето, дали поседувањето државјанство на друга држава може да доведе до потенцијален судир на интереси, министерката Божиновска одговара:

„Во таа смисла би сакала да напоменам дека секогаш сум работела во интерес на државата и ќе продолжам да го правам тоа. Можноста за судир на интереси секогаш ќе биде избегната преку транспарентност и почитување на законските регулативи, како и на највисоките етички стандарди…

Во контекст на мојата нова функција како министер ќе се фокусирам на реализација на проекти и иницијативи кои ќе придонесат Македонија да стане енергетски стабилна и независна. Нашите планови вклучуваат инвестирање во обновливи извори на енергија, модернизација на постоечките енергетски капацитети и подобрување на инфраструктурата. Целта е да се обезбеди континуирана и сигурна енергетска снабденост за сите граѓани и стопанството во земјата“.

Арбен Фетаи

Едно од релативно непознатите имиња за пошироката јавност кое доби позиција на член на владата е Арбен Фетаи. Роден е во Куманово, во 1980 година, но според оние што го познаваат, одамна е преселен во Белгија. Тој е и единствениот министер кој во биографијата за составот на новата влада декларирал двојно државјанство. Конкретно, во делот државјанство напишал: Северна Македонија и Белгија.

На ниту едно место не декларирал етничка припадност. Во делот за јазици, пак, напишал дека има два мајчини јазика – албански и француски. За македонскиот навел дека го познава на ниво Б1, што значи средно-ниско.

Неговите досегашни работни ангажмани, според биографијата, му биле врзани пред сè за Белгија, Косово и само во последните две години за Северна Македонија.

Фетаи го прашавме зошто се одлучил да ги декларира двете државјанства, но и дали смета дека во духот на добрите демократски практики сите членови на владата треба да го сторат истото за да се спречи потенцијален судир на интереси. Ова е неговиот интегрален одговор:

Арбен Фетаи, заменик на претседателот на владата за политики за добро владеење

„Како прво, двојното државјанство не е забрането со закон ниту во Северна Македонија, каде што сум избран за член на владиниот кабинет, ниту во земјата каде што живеев 35 години, во Белгија. Тоа дури е дозволено во повеќето земји членки на ЕУ, каде имаме намера да се зачлениме. Декларирање на второто државјанство е прашање на транспарентност и е неопходно барем кога станува збор за етичко ниво. Кога се работи за високи државни функционери и би требало да е норма, односно добра практика која е инсталирана во владеењето затоа што овде нема ништо контроверзно или спорно особено кога се работи за пријателски земји. Земји како Белгија, други земји од ЕУ и НАТО, не гледам ништо што оправдува криење на таква информација. Во мојот случај, напротив, верувам дека ова е етички стандард и стандард за транспарентност што треба да важи за сите“.

Лојалност кому?

Точен е ставот на министерот Фетаи дека во најголем дел од земјите членки на ЕУ не е забрането министрите да имаат двојно државјанство. Но, тоа не значи и дека прашањето не е контроверзно.

Еден од најинтересните е случајот од пред неколку години од Швајцарија, која не е членка на ЕУ, но е една од најразвиените европски демократии. Швајцарската влада, односно Федералниот совет, го сочинуваат седум члена кои водат седум различни ресори. Во 2017 година, за член на Федералниот совет е избран Ињацио Касис.

Ињацио Касис, сојузен министер за надворешни работи, фото: Keystone, Gaëtan Bally

До неговата 15-та година од животот, Касис имал само италијанско државјанство, кога добил и швајцарско преку натурализација на неговите родители. Пред да биде избран за член на Федералниот совет, се откажува од италијанското државјанство, иако и во Швајцарија, како и во Северна Македонија, не е забрането министер да има двојно државјанство. Случајот отвора голема дебата во тамошната јавност.

Иако Касис вели дека се откажал од италијанското државјанство доброволно и спонтано, во периодот пред неговиот избор била доведувана под прашање неговата лојалност кон Швајцарија, особено од страна на неговите политички опоненти.

Вториот најсериозен кандидат за функцијата што на крај ја добива Касис, Пјер Моде, кој имал двојно државјанство на Швајцарија и на Франција, изјавил дека и тој би се откажал од своето француско државјанство ако од него се побара такво нешто. Но, додал и дека двојното државјанство не треба да ги прави него и уште 900 000 други Швајцарци граѓани од втор ред. Моде поентира и дека би се откажал од француското државјанство, особено ако бил избран за министер за надворешни работи или за одбрана.

Се разбира, Бугарија за Северна Македонија, не е исто што и Италија и Франција за Швајцарија.

Преземено: 360степени

Влада Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.