Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерката Томовска вршела притисок да не му се даваат документи на Кирацовски

0
By Влатко Чаловски on February 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество, Александар Кирацовски денеска на прес-конференција обвини дека министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска вршела притисок врз административните службеници за да не му достават материјали.

– Откако ја објавив намерата на власта да казни и избрка од работа, стотици административци, министерката против-законски побарала од вработените во Министерството веднаш да запрат со доставување документи што ќе ги побарам јас или мојот кабинет, изјави Кирацовски.

„Ве известувам веднаш да запрете со било какво издавање на документи (оригинал/копија/електронски) од архивата на Министерството или од доделените предмети за работа на било кој од Вас, а кои содржат лични податоци, до вработените во кабинетот на дополнителниот заменик, како и до дополнителниот заменик лично“, се вели во документот кој Томовска им го испратила на вработените.

Таа потоа и укажува на администрацијата во Министерството дека тие можат по претходна достава до неа, потоа да му ги дадат на увид на Александар Кирацовски.

Таа ваквата наредба ја образложува со тоа што претходно надвор од просториите на Министерството за информатичко општество, на прес-конференција биле изнесувани оригинални документи кои потоа биле дистрибуирани до медиумите.

Тој најави кривична пријава против неа, доколку веднаш не го повлече дописот.

Во Законот за Влада се вели дека дополнителниот заменик-министер има право на неограничен пристап до сите акти, документи и информации што му се на располагање на министерот.

– Предупредувам дека министерката Арсовска Томовска со дописот до вработените во Министерството направила злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата, за што кривично се одговара, потенцираше дополнителниот заменик кој ги охрабри сите вработени во Министерството и администрацијата да не потклекнуваат на незаконски известувања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.