НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот Бектеши на Бизнис форум „Улогата на природниот гас во енергетската транзиција“ во Варшава

0
By Mirjana on September 22, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Во иднина ќе бидеме земја транзит за гас за другите земји. За Северна Македонија, изградбата на национален гасоводен систем, неговото
поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура.
Гасификацијата е круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и за компаниите, за животната средина и за општеството во целост.
Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на панел дискусијата „Улогата на природниот гас во енергетската транзиција“ во рамки на Бизнис форумот кој се одржа денеска во Варшава како дел од Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC).
Министерскиот состанок е во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за клима и животна средина на Република Полска во соработка со Атлантскиот совет.
Министерот Бектеши потенцираше дека за обезбедување на прогнозираните количини на природен гас за наредниот период во тек се активности за натамошна изградба на постојниот гасоводен систем во земјата, негово поврзување со регионалните гасоводни системи особено со јужниот гасен коридор, како и отпочнување на преговори за обезбедување на дополнителните колични на природен гас.
„Во последните неколку години ги поставивме енергетските политики во Република Северна Македонија на стабилни основи. Тие гарантираат безбедно и стабилно снабдување со енергенси, но и диверзификација при снабдувањето, кои се базирани на чиста-зелена енергија и кои ќе овозможат одржлив раст на економијата на нашата држава“ кажа министерот.
Како дел од активностите кои веќе се започнати министерот Бектеши кажа дека пред три месеци беше потпишан договор за изградба на интерконектор за природен гас со Грција кој што треба да почне да се гради до крајот на годината,
„Изградбата на овој интерконектор за течен гас ќе отвори многу можности за нашата земја, со кои ќе имаме шанса во иднина да се позиционираме како земја која ќе биде транзит за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа, а за нашата национална економија ќе обезбедиме диверзифициран извори на енергенси и ќе ја поттикнеме конкурентноста“ кажа министерот.
Бектеши информираше дека покрај и инвестициите во интерконекторот со Грција, веќе се започнати активности за гасно поврзување со Косово, Србија и Албанија што ќе го отвори хоризонтот за подобрување на регионалната соработка и конкурентноста на заедничкиот регионален пазар.
Потсети и дека на почетокот на годината беше потпишан договор со Грција за соработка за изградба на гасниот терминал во Александрополи, каде Северна
Македонија ќе поседува 10% од акциите на терминалот, како и учество во изградбата на гасната централа во близина на Александрополи, каде уделот на Северна Македонија е 25% од вкупната вредност “Конкурентноста на Југоисточна Европа со инвестициите во интерконектори се подобрува,
а истите се многу важни и за иднината, за преносот на водород како иден извор на енергија. Во сите сектори до 2030 година планираме да намалиме 51% од емисиите на стакленички гасови, во споредба со нивото од 1990 година“ кажа министерот Бектеши. Иницијативата Партнерство за трансатлантска енергија и климатска соработка (P-TECC), е создадена како пат за зголемена соработка помеѓу САД и земјите од Централна и Источна Европа за енергетска безбедност и транзиција кон чиста економија. На бизнис форумот учествуваат претставници од земји, организации и бизниси од целиот регион, а главна тема оваа година се технолошките иновации, пречките во политиките и бизнис можностите.
Главен фокус на овогодишниот Министерски состанок е поставување на климатска акција и праведна транзиција кон иднина со низок јаглерод и распоредување иновативни технологии за чиста енергија што создаваат работни места на двете страни на Атлантикот.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.