Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, од редовите на БЕСА кој е дел од владината коалиција на својот „Фејсбук“ профил напиша:
– Желино, во кое се роди една партија (како движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една Влада, објави тој на социјалната мрежа.
Инаку, ДУИ до Државната изборна комисија испрати два приговора за избирачки места во Желино. Во оваа општина разликата е 69 гласа во полза на кандидатот на БЕСА, Блјерим Сејди.