Петар Тодоров: Вчера вечер на ТопТема на Телма телевизија министерот Муцунски манипулираше за работата на Комисијата за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија.
Клеветите за предавства, дека не биле штитени националните интереси, искажани додека беше во опозиција и во септември 2024 година кога оваа влада именуваше нов состав на Комисијата, сега за министерот Муцунски биле “различно гледиште за одредени работи”, па во иста реченица да каже, повторно да клевети, дека во одредени периоди во работата на Комисијата “се правеле непотребни отстапки”.
Кажете кои се тие “непотребни отстапки” и во кој период се направени?
Можете слободно тоа да го кажете, бидејќи не е потребна декласификација на работата на Комисијата.
Ништо не е класифицирано во работата на Комисијата.
Како опозиционери ви одговараше да ја инструментализирате работата на Комисијата за партиски интереси, со неодговорни изјави да вршите политички притисок врз нејзината работа, што, пак, најмногу им одговараше на националистите во Софија.
А сега молк.
Не смеело да се коментира за да не се наштетело на нејзината работа.
Какви сте, Итар Пејо ќе го зафркнете.
Извор: Фејсбук



