Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот Николовски собира искуства во Италија за организирана продажба на прехрамбени производи

0
By Mirjana on April 27, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на министерството, од денеска е во дводневна работна посета на Република Италија.

Како што информираат од министерството, Николовски денеска го посетил откупно дистрибутивниот центар Чентро Агроалиментаре, каде биле презентирани основните карактеристики на откупниот центар и пазарите на големо во Италија.

На површина од 1400ха, овој откупно дистрибутивен центар, на едно место нуди голем избор на овошје, зеленчук, риби, органски производи, логистика, а во рамки на центарот постојат и преработувачки капацитети за преработка на производите.

Оваа пријателска работна посета отвори можност за размена на позитивни искуства, како и имплементација на успешни модели за организација на големопродажбата на прехранбени производи, со оглед на тоа што како министерство веќе сме во фаза за реализација на ваков проект.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку средства од Светска банка во висина од 42 милиони евра, започнува проект за модернизација на земјоделско производство. Овој проект предвидува изградба на Agro Food Platform, односно голем логистичко откупен центар, за овошје и зеленчук. Проектот исто така предвидува изградба и на два помали откупни центри, еден за овошје и еден за зеленчук. Со овие средства од Светска банка, но и дополнителни средства од ЕУ, во рамки на овој проект се предвидува и изграба на кафилерија, односно фабрика за преработка на производи од животинско потекло. Реализацијата на овој проект за модернизација на земјоделското производство е веќе започната и во моментот се работи на подготовка и финализирање на сите технички документи за започнување со изградба на планираните откупни центри.

Делегацијата предводена од министерот Љупчо Николовски во текот на утрешниот ден ќе оствари работна средба со Стефано Патуанели, министер за земјоделство, прехрана и шумарство на Република Италија, на која се очекува да биде потпишан меморандум за соработка во областа на земјоделството помеѓу двете држави.

Николовски во Италија по искуства за организирана продажба на големо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.