Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот Спасовски на конференција за мигрантската криза и земјите од Балканско-Јадранскиот регион

0
By НОВА ТВ Balaban on November 13, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска учестуваше на конференција на тема „Мигрантската криза и земјите од Балканско-Јадранскиот регион”, во организација на Меѓународната полициска асоцијација-ИПА во Република Северна Македонија на која присустваа  и  директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски,  раководството на ИПА во земјава и гости од соседните земји, претставници на Фронтекс, Македонскиот полициски синдикат и Сојузот на синдикати на Македонија.

„Ќе ми дозволите во оваа пригода да се осврнам на вредностите што ги негува оваа полициска асоцијација, креирана од ентузијазмот и посветеноста на  полициски службеници ширум светот, а со идеја за заедничка неформална соработка и дружење, но што е уште позначајно, и за споделување на секојдневните искуства и добри практики со кои се среќаваат полициските службеници во своето работење, па и надвор од него. Уште повеќе што минатата година, оваа полициска асоцијација одбележа еден значаен јубилеј, 70 години од постоењето на ИПА, а годинава, пак, ИПА Северна Македонија прославува 10 години од своето постоење“, рече министерот  Спасовски во поздравниот дел од своето обраќање.

Министерот Спасовски потенцираше дека проблемот со мигрантите подразбира континуирано барање решенија на земјите за предизвиците кои ги носи миграцијата, но и цврста одлучност со заеднички активности да ги менаџираме овие миграциски текови, постојано изнаоѓајќи можности за унапредување на постојните форми на соработка во областа на безбедноста, како во регионот, така и пошироко.

„Имено, заедништвото и партнерството кое полициските службеници од Република Северна Македонија, заедно со нивните колеги од осумте европски земји го покажаа во текот на мигрантската криза на јужната граница, каде се случуваат и најголемиот број на обиди за илегално минување на границата, со цел да се стигне до западноевропските земји, се показател дека само со заеднички сили можеме да  се справиме со сериозните миграциски предизвици. Оттука, длабоко верувам дека и Меѓународната полициска асоцијација, преку кредибилитетот што го има и својата веќе изградена мрежа, може во огромна мерка да придонесе за проширување на таквата соработка и изнаоѓање на нови модули за поддршка во напорите за справување не само со илегалната миграција, туку и со сите форми на криминал“, истакна Спасовски.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во своето обраќање потенцираше дека паралелно со предизвиците со кои се соочуваат мигрантите, како од безбедносен, така и од хуманитарен аспект, предизвици имаат и државите низ кои тие минуваат и во таа насока активностите на полицијата се насочени и во делот на превенција и рано предупредување, но и во давање на првичниот одговор во делот на справување со проблемот со мигрантите.

„Годинава, спречени се 15.895 обиди за илегално преминување на границите односно регистрирани се речиси 10 илјади обиди помалку во споредба со истиот период минатата година, и тоа најмногу на јужната граница. Како логична последица на тоа е и трендот на намалување за повеќе од 60% на откриените случаи на криумчарење мигранти, а бројот на поднесени нови барања за азил е намален за 70%.

Успешната борба против илегалната миграција и криумчарењето мигранти  најдобро е рефлектирана во заедништвото и партнерството кое на дневна основа го применуваат нашите полициски службеници со нивните колеги од земјите од регионот и ЕУ.“, истакна директорот Тасевски. Министерот Спасовски ја прогласи Конференцијата за отворена  посакувајќи им на организаторот и учесниците  успешна дискусија ,зајакнување на постојните и создавање на нови пријателства што ќе траат и ќе се негуваат.

Видео https://youtu.be/13J69jg5Zz4

Мигрантската криза Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.