Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот за правда бара мислење од Венецијанската комисија за уставните измени

0
By Сашка Цветковска on August 14, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за правда на Македонија поднел барање за мислење до Венецијанската комисија за дел од уставните измени кои ги предложи Владата. На веб страницата на Венецијанската комисија информираат дека на 5 Август годинава „министерот за правда побарал од Венецијанската комисија да даде толкување на 7 амандмани од Уставот, пред се на оние кои се однесуваат на на Судскиот совет, надлежностите на Уставниот суд и Државниот завод за ревизија.

Владата до Собранието минатиот месец достави предлог за измена на Уставот со седум нацрт-амандмани кои предвидуваат дефинирање на бракот како заедница на маж и жена, како и дефинирање на вонбрачната заедница; измени во составот на Судскиот совет, менување на името на Народната банка во Македонија; регулирање на фискалната политика во делот на висината на јавниот долг; формирање на финансиска зона; Државниот завод за ревизија да биде независен орган биран од Собранието и менување на надлежностите на Уставниот суд, односно Судот ќе може да одлучува по уставната жалба за човекови права, како и за одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Измените на Уставот предизвикаа многу контроверзи во јавноста, а власта беше на удар на критики поради намерите да го менува Уставот без опозиција и без поголема јавна дискусија.

Собранието веќе расправање по предлогот за пристапување кон измена на Уставот кој што на седница кон крајот на јули беше и изгласан. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за 25 август ја закажа седницата на Комисијата за уставни прашања. Два дена подоцна треба да се закаже и собраниската седница на која што со 62 или повеќе гласа може да бидат изгласани нацрт-амандманите. Доколку се изгласаат, потоа ќе има 30-дневна јавна дискусија по која што Владата треба повторно до Собранието да достави нови предлог-амандмани со вградени забелешки од дискусијата. Очекувањата се дека постапката за носење на уставните измени треба да заврши до крајот на октомври.

Венецијанската комисија или Европска комисија за демократија низ правото е во состав на Советот на Европа и има советодавна улога и на барање на влади или меѓународни органиации дава правни толкувања на нацрт-закони или закони во сила.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.