Министерството за образование ги демантира информациите дека тестовите за екстерното тестирање биле пробиени од учениците.
Според нив излишно е да се говори за „пробиени“ тестови по одредени предмети, кога процесот заврши на 19 јуни.
„Министерството за образование и наука во координација со останатите органи направи анализа на сите тестови кои што изминатите неколку денови беа предмет на дебата и објава во одредени медиуми, при што е констатирано дека прашањата во истите не се веродостојни ниту по формата, ниту по содржината на оние кои што беа изработени од страна на надлежните институции“, пишува во соопштението од МОН.