Од Министерството за правда вечерва соопштија дека ВМРО ДПМНЕ не доставило амандмани за предлог законот за јавно обвинителство.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во ТВ дуел со Зоран Заев, изјави дека биле доставени 65 амандмани до Министерството за правда.
Лидерот на СДСМ рече дека се уште не е информиран за амандманите, бидејќи бил на ручек со амбасадорите на земјите од Европската Унија, на што Мицкоски одговори дека амандманите биле доставени неколку часа пред да започне емисијата во која гостуваат.