Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за здравство: Во свинскиот врат има листерија

0
By Менче Атанасова Точи on August 12, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство останува на ставот дека во спорниот свински врат на Екстра меин е присутна бактеријата листерија.

Во соопштението се вели дека според процедурите, земена е мостра од малопродажен објект во Гевгелија, со пополнет записник во присуство на претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, и истата е испитана во лабораторија на Центарот за јавно здравје-Велес.

-При испитувањата, утврдено е присуство на листерија(listeria monocytogenes ) и заради дополнителна сигурност и второ мислење, материјалот со идентификувана листерија е испратен до Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде што е потврдена листеријата и примерок е испратен на Факултетот за ветеринарна медицина, за генетска типизација. Примерокот е доставен под број, а без идентификација, односно без наведување на името на производителот, велат од Министерството за здравство.

Ова се документите кои Министерството ги доставило и до Основното јавно обвинителство-Скопје заради комплетирање на кривичната пријава против непознат сторител, која ја поднесе министерот Тодоров.

 

Резултатите од извршената генотипизација покажуваат дека генетскиот профил на изолираната листерија е 98% идентична со генотипот на листерија изолирана кај заболените лица. Како што информираше Комисијата за заразни болести, се работи за мостра од вакумиран сечкан свински врат, производ на Екстра-меин од Куманово (произведен 21.07.2014 година, со рок на траење до 04.09.2014 година), соопштуваат во Министерствопто за здравство.

Од таму потсетуваат дека досега се испитани над 650 мостри, од кои во 30 случаи се пронајдени примери на изолати на листерија(listeria monocytogenes,) кои се предмет на натамошна термичка обработка.

Од Министерството нагласуваат дека Комисијата за заразни болести располага со сите релевантни резултати, вклучувајќи и епидемиолошки анкети, увиди од терен и епидемиолошки анализи и за истите јавноста е навремено информирана.

НОВА веќе ги објави резултатите од супер-анализата направена во лабораторијата на Факултетот за ветринарна медицина, која е конечна и покажа дека во спорниот свински врат нема листерија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.