Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството за правда ќе иницира ново барање за екстрадиција на Никола Груевски

0
By Sashko on September 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за правда најави дека во наредниот период ќе поднесе нови барања за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет и осуден за неколку случаи, а престојува како азилант во Унгарија, како и за Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осудени на доживотен затвор за случајот „Монструм“, кои се наоѓаат во бегство во Косово. 

„За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември во 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни во 2019 година. Екстрадицијата е побарана за сите случаи за кои имавме сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите постапки за кои е распишана потерница. Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година, со образложение дека на Никола Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да биде предадено на државата од која избегал. Состојбата со сите судски постапки внимателно се следи, а Министерството за правда ќе постапи соодветно и ќе поднесе ново барање за екстрадиција“, наведуваат од Министерството за правда.

За Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, пак, прв пат е побарана екстрадиција од Косово на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври во 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари во 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година. На 08.10.2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор.

Од Министерството за правда посочуваат дека се што било побарано во постапките, е доставено до косовските власти.

Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени два пати, во февруари 2016 година и во октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016 година.

Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која ја потврди првостепената одлука за „Монструм” со која Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се правосилно осудени на доживотна казна затвор. За овие лица Министерството за правда повторно ќе поднесе ново барање за екстрадиција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.