Министерството за здравство ја информира јавноста дека со амандман ќе интервенира да ги повлече измените на Законот за здравствена заштита што се однесуваат на делот со трансплантација на органи заради лекување.
МЗ е отворено за секаква дискусија, јавна дебата, а наша цел е заедно со сите чинители да ги надминеме разликите за доброто на граѓаните и пациентите, инфомрираа од Министерството за здравство.