„Млади луѓе, нашето време доаѓа. Старциве полека си одат, во каква држава ќе живееме, како ќе се викаме и што ќе им оставиме на нашите деца зависи само од нас. Да си направиме дом каков што ние сакаме. Дали ќе сме слободни од нас зависи. Многу сме!“, напиша Владимир Поп Христов – Мио, братот на притворениот актер Кили на својот ФБ профил по трогателниот статус од утринава во кој соопшти дека брат му има рак.
НОВА со вас ја споделува песната „Слобода“ од популарниот македонски бенд Д.Н.О чиј што член е Владимир Поп Христов – Мио.