НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мирјана Димеска од Прилеп – 50 години живот со дијабетес

0
By Менче Атанасова Точи on July 2, 2018 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со дијабетесот може квалитетно да се живее и да се дочека старост. Вака ја започна својата приказна 64 годишната Мирјана Димеска од Прилеп која 50 години живее со дијабетес од тип 1. Таа за НОВА,  раскажува дека шеќерната болест и била откриена во далечната 1968 година, на 14 годишна возраст, откако една година претходно имала големи здравствени проблеми, но лекарите не можеле да откријат што е причината.  Таа вели дека дијабетесот бил непознат за лекарите во тоа време.

„ Дијабетесот ми го открија дури по една година барање помош, откако претходно запаѓав во хипергликемија и паѓав во бесознание. Го откри интернистот кога забележал дека мирисам на ацетон и веднаш ме ставија на инсулин“, се сеќава Мирјана, на тие денови пред 50 години.

Мирјана на 14 години кога и е откриен дијабетесот

Мирјана е меѓу првите во градот на која и е откриена оваа болест и единствена преживеана. Сето тоа се должи на честите контроли и строгиот режим на исхрана, како и начинот на живот со многу рекреација. Таа вели дека многумина кои починале не го почитувале тој режим на исхрана и несериозно ја сфаќале болеста.

„Пред мене имаше само една жена на која и беше откриен дијабетес. Знаете, тоа беа тешки времиња медицината и фармацијата не беа напреднати. Тогаш имаше свински инсулини, а не хумани како овие сега. Се боцкав со дебели игли кои ги стрелизиравме заедно со шприцот, на рингла на шпорет. Имав метална касета и во неа  имаше шприц, игла, пумпичка и памук и секаде се движев со тоа. Подоцна ги ставав во алкохол, “вели Мирјана.

Свински инсулини кои што се употребувале порано

Таа раскажува дека во тие времиња немало ленти и апаратчиња за мерење на шеќер во крвта, па одела постојано на боцкање во лабораторија.  Мирјана вели дека детството и младоста и поминале по болници.

„Тогаш, покојниот доктор Плашевски и објасни на мајка ми каков режим на исхрана треба да имам, колку пати треба да јадам и се тргна на подобро“, раскажува Мирјана.

Во седумдесеттите години се појавиле првите мерачи за шеќер и ленти кои ги добивале лекарите и еден таков ротирал кај неколку пациенти, а тие правеле профили за да се види како се движи шеќерот во крвта. За оваа 64 годишна жена, сега пензионерка, тоа се најубавите години откако живее со дијабетесот бидејќи се отворале нови можности за третман и медицината одела напред.

Инсулинската криза во последните 4-5 години која ги погоди сите 40 000 дијабетичари, постојаниот недостиг  на инсулини, како и инсулините за кои вели дека не им делувале,  потоа паралелниот увоз кој многу влијаеше на квалитетот на инсулините, тешко го пребродила и нашата соговорничка.

„Режимот на исхрана ми беше ист, а шеќерот ми беше 15-16.  Ќе се боцнев повторно, па паѓаше под нормала на 2. Многу мака видов, паѓав во бесознание кое траеше со саати. Се надевам дека сега откога се смени Законот за паралелен увоз ќе биде подобро за сите,“, вели Мирјана, која  во Прилеп сите ја знаат како  Мими.

Мирјана Димеска, како млада девојка во болница

Мирјана никогаш не основала семејство, заедница,  токму поради  дискриминацијата и стигмата кај граѓаните за дијабетесот низ годините.

„Имав две долги врски, но мајките не им дозволуваа да се земат со мене бидејќи како што велеа, сум била инвалид. Ми направија услуга, си ја насочив енергијата кон себе и здравиот начин на живеење и си го продолжив животот“, по малку со горчина, но низ смеа раскажува Мирјана.

Оваа пензионирана дактилографка во поранешен „Црн бор“,  денот го започнува со мерење на шеќерот, става инсулин и по појадокот оди да пешачи по 5-6 километри на Могилата на непобедените каде што знае да сврти неколку круга, рекреативно.

Така беше и овој ден, а потоа отиде да се подготвува за вечерва да ги пречека своите гости, лекари, членови на здружението за дијабетес, пријатели со кои ќе го одбележи денот, „50 години живот со дијабетес“ и ќе им порача на сите дека со дијабетес може да се живее квалитетно и да се доживее старост.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.