Во Струга денеска се одржа Мирен протест, на кој беше изразено незадоволство од, како што беше речено, нелегитимниот втор круг од локалните избори, на кои победи кандидатот за градоначалник на ДПА Зијадин Села.
За Перо Петкоски, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ – Струга., изборите се нелегитимни и по се што се случувало на нив бара „највисоката инстанца – Управниот суд да донесе одлука во наша полза, односно очекуваме позитивен одговор на нашето барање и прогласување на вториот круг за нелегитимен, со што би дошле до израз сите неправилности кои што се случуваа на денот на изборите“.
На протестот присуствуваа членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ како и нивниот заеднички кандидат за градоначалник Владо Кочоски. Тие очекуваат да има трет изборен круг, на кој, како што истакнаа, ќе биде избран градоначалник на Струга на фер и демократски начин.
ВМРО ДПМНЕ и СДСМ најавија дека без оглед на исходот од жалбената постапка, нивната коалиција ќе продолжи да функционира во Советот и ќе работи во интерес на граѓаните на Струга.