Претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, првообвинет во случајот со „Машинопромет“ ,кој е пуштен да се брани од слобода, денеска за прв пат, по скоро 10 месеци притвор, раководи со Советот на Општина Центар.
Претседателот на советот и на Општинската Организација на СДСМ Центар, Мирослав Шиповиќ одлежа цели 8 месеци во притворското одделение во Шутка, на 23 мај беше пуштен во домашен притвор.
Во последниот извештај на Стејт департментот, Шиповиќ беше именуван како политички затвореник.