Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мишев: Психолозите поинаку ја доживуваат трагедијата

0
By Zoran Ivanov on March 27, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За да закрепне Македонија по оваа трагедија, потребно е да се изгради солидарност и поддршка меѓу луѓето. Треба да бидеме тука едни за други, да ги слушаме и поддржуваме оние кои страдаат, и да им овозможиме простор за процесирање на болката. Не треба да ги игнорираме емоциите или да ги забрзуваме процесите на исцелување. Во вакви моменти, важно е да се покажеме хумани и да ги почитуваме чувствата на сите што се погодени.

Александра Вуксановиќ

По кобното утро на 16. март во кој животот го загубија 59 млади луѓе, се вклучи алармот за психолошка поддршка на семејствата на настраданите, но и на целокупното население. Колективната траума стана главна тема во медиумите. Но, што е со траумата на психолозите? Кој ќе се грижи за нив во овој тежок период?

Психологот, гешталт терапевт, нефропсихолог и дијагностичар, Кирил Мишев, познат како основач на Персона.мк (Persona.mk), со потекло од Македонија, кој извесно време работи во Америка, нуди бесплатна психолошка поддршка за колегите и настраданите во трагедијата во Кочани.

Поразговараме со Мишев за тоа што вклучува и на кој начин би се одвивала оваа помош на далечина.

Колкава е разликата во восприемањето на трагедија кај психолозите и народот?

– Психолозите и обичните луѓе различно ја восприемаат трагедијата. Додека обичниот човек често е преплавен од емоции и реагира импулсивно, психологот има развиени механизми за саморегулација и одржува професионална дистанца. Наместо да се изгуби во болката, психологот ја анализира трагедијата во поширок психолошки контекст, користејќи стручни техники за справување. Сепак, иако подобро се справуваат со емоциите, психолозите не се имунизирани на траума – тие само имаат поефикасни начини да ја обработат.

Како психолозите ги канализираат траурните слики коишто ги гледаат пред очи?

-Психолозите ги канализираат траурните слики преку свесно процесирање и професионални техники за емоционална регулација. Наместо да ги потиснуваат, тие користат супервизија, лична терапија и рефлексија за да ги обработат. Одржувањето на професионална дистанца е клучно, но подеднакво важно е и пронаоѓањето здрави начини за ослободување од емоционалниот товар, како што се разговори со колеги, пишување, уметност или физичка активност. Овие механизми им помагаат да останат стабилни и да продолжат да им даваат поддршка на другите. Но, и како што наведов погоре, психолозите не се имунизирани на траума, само имаме поефикасни начини да ја обработиме и да останеме присутни за оние на кои им е потребна поддршка.

Ваш совет за колегите коишто се во директна комуникација со семејствата на настраданите од пожарот во Кочани?

-Најпрво, сакам да изразам длабока благодарност до сите колеги кои се на терен и кои несебично ја нудат својата поддршка во овие исклучително тешки моменти. Вашата посветеност и емпатија се од непроценливо значење за семејствата погодени од оваа трагедија.
Во исто време, свесен сум дека бројот на стручњаци на терен е ограничен, што доведува до огромен притисок врз оние кои активно помагаат. Емоционалното прегорување е сериозен ризик, и затоа е важно да се грижиме и за себе додека им помагаме на другите. Јас верувам во вас и знам дека сте врвни професионалци, а во оваа ситуација сум тука да ве поддржам заедно со тим од осум експерти од САД специјализирани за супервизија и справување со кризни и трауматични настани. На крај, сакам да поттикнам размислување кај сите што се дел од оваа професија, а не ги поддржувате вашите колеги на терен. Психологијата не е само титула, туку одговорност. Во моменти кога е најпотребно, нашата улога е да бидеме присутни, подготвени и посветени. Оваа професија бара повеќе од знаење – бара вистинска посветеност кон човекот и неговото добро и меѓусебната поддршка во тешки моменти.

Нудите психолошка поддршка за психолозите во Македонија. На кој начин планирате да се реализира? Дали можете да бидете отворени за поддршка и за семејствата на настраданите?

-Нудиме бесплатна психолошка поддршка преку индивидуални онлајн сесии. Поради мојата улога како координатор, ги распределувам случаите на мојот тимот на експерти од Америка, со оглед на тоа што јас сум единствениот кој зборува македонски. Ја иницирав организацијата и активирањето на моите колеги, иако не можам да бидам физички присутен во Македонија, јас сум активно вклучен од почетокот и ги користам сите ресурси што ги имам на располагање за да помогнам. Сесиите ќе бидат на англиски јазик, а јас ќе бидам достапен за консултации на македонски јазик. Моето време за консултации е од четири попладне до девет навечер по македонско време, а за другите колеги, по договор, зависно од нивната достапност.

Од каде нè контактирате и зошто заминавте таму? Колку време сте во странство? Зошто одбравте живот надвор од Македонија?

-Јас сум лоциран во Чикаго, САД, а мојот тим на колеги експерти (супервизија, траума и загуба) се распределени низ различни држави во Америка. Живеам во САД веќе скоро четири години. Се занимавам со психологија и работам како терапевт под супервизија, во приватна пракса. Не бев многу активен во својата професија поради процесот на кредитирање и лиценцирање.
Заминувањето од Македонија беше личен и сложен процес кој не сметам дека е соодветен за оваа дискусија. Сепак, еден од факторите беше дека нашата земја понекогаш не ги препознава или поддржува амбициозните луѓе на начин кој е потребен за нивен професионален напредок. Ова, на некој начин, влијаеше на мојата одлука да продолжам со својата кариера во странство.

Како вие лично ја примивте веста за трагедијата во Кочани?

– Веста за трагедијата во Кочани ме погоди длабоко и со огромна тага. Беше нешто што никој не може да биде подготвен да го слушне или да го доживее. Како човек и професионалец, не можам да останам рамнодушен на страдањето на семејствата и заедницата што го претрпе ова. Болката што ја чувствувам е неопислива, бидејќи секоја трагедија носи не само физичка, туку и емотивна и психолошка рана која долго време остава последици.
Луѓето се сè уште во шок од трагедијата. Траумата ќе остави длабоки траги и ќе се одрази многу подоцна.

За крај, ве молам еден совет од вас како да закрепне Македонија по оваа трагедија? Што треба да правиме, а што не треба да правиме?

– За да закрепне Македонија по оваа трагедија, потребно е да се изгради солидарност и поддршка меѓу луѓето. Треба да бидеме тука едни за други, да ги слушаме и поддржуваме оние кои страдаат, и да им овозможиме простор за процесирање на болката. Не треба да ги игнорираме емоциите или да ги забрзуваме процесите на исцелување. Во вакви моменти, важно е да се покажеме хумани и да ги почитуваме чувствата на сите што се погодени.

Кирил Мишов има две магистерски по Клиничка и форензичка психологија, директор е на одборот за финансии на европско американско советувалиште, сертифициран советник за човекови права при Институтот за дипломатија во Вашингтон, автор, дел од одборот на честа под Комората на психолози и член на Националниот гешталт институт во САД.

Текстот е сопственост на Слободен пчат.мк

 

интервју Мишев психолози
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.