Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мисовски до Димовски: Целта на Мицкоски е вас да ве смени

1
By Соња Петрушевска on October 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Горан Мисовски пратеник од парламентарното мнозинство во реплика до Илија Димовски кажа дека има две опции: Едната е сите пратеници во Собранието да гласаат за уставните амандмани, а втората е да се одржат предвремени избори на кои според анкетите, како што рече тој, СДСМ  е во водство.
-Мицкоски сака избори за да ве смени Вас и да кандидира свои пратеници, кажа Мисовски во реплика до Димовски. Тој ги повика пратеници од опозицијата да гласаат за уставните измени.
Илија Димовски во својот говор уште еднаш напомена дека Собранието нема легитимитет да носи одлука.
-Прв проблем е моментот на преговори каде што немаше вклучено ниту еден претставник од опозицијата. Потпишувањето на Договорот со Грција не го следеше потпишувањето како Договорот со Бугарија. Владата сама одлучи како ќе се одвива референдумот, без да биде запознаен некој од опозицијата. Не смееме да се удираме во ѕид, да викаме дека нема друга алтернатива. Правецот е НАТО и Европска унија. И од сите 120 пратеници, сите се со исто размислување, но како да го постигнеме тоа, е за тоа имаме различни ставови – кажа Димовски.

-Врз база на искуството повикувам ова Собрание да констатира дека овој предлог е неприфатлив и да се врати на документите од 2008 година. Тоа е единствениот начин како Република Македонија да продолжи понатаму. Не сакам да нафрлам вина, ниту некој да чувствува вина. Не сакам минатото да се нуди како залог за иднината. Единствено што треба да правиме е да се грижиме за иднината. Пријателство со Република Грција ни е потребно, но најпрвин ни е потребно пријателство во Македонија. Потребно ни е разбирање со Република Грција, но прво ни е потребно во Македонија – кажа Димовски.

И пратеникот од коалицијата СДСМ, Павле Богоевски, му реплицираше на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, порачувајќи му дека сите негови аргументи паѓаат во вода. Богоевски рече дека самиот Устав му дава легитимитет на Собранието да расправа за уставни измени.

-Имаме легитимитет и те како да расправаме за предлогот. Легитимитот да се бара во изборни програми е во целост погрешно. Паѓа во вода се што вие зборите дека немаме право да расправаме. Велите дека опозицијата не беше консултирана во текот на преговорите, но не е точно, бевте консултирани во процесот, а освен тоа никогаш не ја прашавте тогашната опозиција кога вие преговаравте. Вашето незадоволство потекнува од фактот што некои други го решија прашање што вие не успеавте да го решите  – рече Богоевски и праша која е алтернативата за Македонија ако пропадне Договорот во Преспа и кога Македонија да очекува да се види во ЕУ и НАТО.

Богоевски цитираше и дел од изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ каде стои дека партијата нема да дозволи решение за името да биде прифатено без при тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и при тоа само ако мнозинството на граѓаните се согласни.

На тоа Димовски реплицираше дека во истата изборна програма стои реченица дека пратениците нема да прифатат промена на Уставот со цел промена на уставното име. Тој додаде дека алтернативата ја гледа во стратешко партнерство со НАТО и ЕУ.

За дискусија се пријавени 66 пратеници.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.