Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мистеријата на Могерини

0
By Светлана Јовановска on March 6, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се јави и Федерика Могерини. Не беше многу убедлива во кусата анализа за нашата чудесна земја но, важно е што шефицата на европската дипломатија ни обрна внимание, ни покажа дека сме нормални а не забегани како што си мислевме.

И така, без око да и трепне и без страв од “странските служби”, среде Европска комисија нé нарече со нашето име и без “Република”. Директно – Македонија! Не можам се уште да се начудам што ниту еден медиум не ја пофали. Тоа го стори нашата дијаспора од Америка со барање да и се пушти мејл со благодарност на Могерини.

Могерини, заедно со комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, во средата излезе на прес конференција во Брисел. Тоа беше прилика да и се постави прашање: Дали Македонија е на агендата на Могерини и нејзината служба и дали е спремна да помогне откако Европскиот парламент тоа го предложи во својата нацрт-резолуција, но и дали во Македонија може да дојде до нестабилност?

Одговорот беше дека Могерини е спремна да и помогне на Македонија. Тоа беше единствената поента која можеше да се извлече. Остатокот од одговорот беше општ, конфузен, нејасен, неодреден… и додека зборуваше таа вртеше поглед кон Хан како да бараше помош. Слушнавме повеќе за Босна и Косово отколку за Македонија. Подвлече дека Балканот е клучен регион, дека веќе два пати била во посета на Босна откако е на оваа функција, дека дијалогот Белград-Приштина е важен, дека го следи ЕП, дека работата на Балканот е координирана со комесарот Хан… Кој потоа успешно и помогна на својата италијанска колешка да се извлече објаснувајќи како сега стојат работите.

Остана впечатокот дека Италијанката беше тотално неспремна да зборува за Македонија не затоа што тоа не ја интересира туку затоа што темата се уште не е толку горешта за да стаса до нејзината маса.

Најмистериозниот дел на нејзините зборови беше одговорот на последниот дел од прашањето за можна нестабилност во Македонија. На англиски таа рече: «I am afraid that the question is not if there is going to be instability». Или во превод: «Стравувам дека прашањето не е дали ќе има нестабилност». Не сум сигурна стопроцентно во прецизноста на овој мој превод и одговорот за мене останува конфузен.

Додека одговараше на нејзиното лице имаше мала одвај забележлива насмевка за да се покрие неподготвеноста да зборува за чувствителната македонска тема. Сето тоа ме натера да мислам дека таа сакаше да каже дека за нестабилност не станува збор. Проблеми има но не и нестабилност.

Голем дел од македонските медиуми кои ја пренесоа изјавата понудија друго толкување. Според многу од нив, Могерини вели дека ќе има нестабилност.

Како и да е, на Могерини мораме да и простиме со цело срце и душа за непрецизноста околу длабоката криза поради која не спиеме мирно токму заради храброста да каже “Македонија”. Немаше ни “Скопје”, ни “вашата земја” ни “ПЈРМ”. За разлика од неа, Хан не успеа да собере храброст и остана на “поранешна југословенска Република Македонија”.

Воопшто не се сомневам дека Могерини добро знае што се случува во Македонија и дека ја дели загриженоста на сите нас. Ако го парафразирам премиерот Груевски ќе речам дека и таа е човек и понекогаш може да биде уморна и пренатрупана со проблеми од целиот свет. Помеѓу кои македонскиот, барем засега, не е најитниот.

Кусо речено, Македонија се уште не е во фокусот на ЕУ. И покрај тоа што дури, дури и молчаливиот амбасадорот Орав (можеби лут што го слушале “странски служби”) конечно се осмели да не чита вообичаен бирократски говор па ни кажа дека многу зборуваме за европска интерација и никако од зборови да преминеме на дела.

ЕУ не зборува многу за нас. Молчаливо се спрема наесен да ни ја одземе препораката за преговори за членство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.