Србите од северот на Косово денеска во Белград најавија митинг под мотото „Остануваме во Србија“, одбивајќи го договорот потпишан меѓу премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, со кој се предвидува нормализација на односите меѓу двете земји.
Нивниот став за овој договор е дека тој ги става под власт на Приштина.
Претставниците на Србите од северот на Косово ги повикаа граѓаните да дојдат на собирот, за кој тврдат дека е непартиски.
Пратеникот на Демократската партија на Србија и воедно еден од лидерите на косовските Срби, Марко Јакшиќ, соопшти дека митингот на Плоштадот на Републиката почнува во 12:44 часот, симболичен гест, согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за Косово.