Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Митови и факти“ за случајот „Мазут“: Што покажуваат официјалните податоци?

0
By Xhabir Deralla on June 6, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 6, 2026 13:07

Подобро е истрагата да биде запрена отколку да се поднесе обвинение кое подоцна нема да може да се одржи пред судот, оцени државниот јавен обвинител Ненад Савески во врска со случајот „Мазут“. На средба со новинарите тој ја поддржа одлуката на обвинителката Коларевиќ и истакна дека е изненаден од дел од реакциите што се појавија во јавноста по запирањето на постапката.

Јавноста нема целосен увид во доказниот материјал со кој располага обвинителството. За разлика од институциите што ја воделе постапката и ги анализирале доказите, граѓаните најчесто ги следат информациите преку медиумите, јавните дебати и политичките ставови, каде неретко се појавуваат различни интерпретации на настаните. Токму затоа, како што претходно беше соопштени, недостигот на докази бил клучната причина поради која било донесено решение за запирање на истрагата.

Најголемото внимание во јавноста беше насочено кон прашањето дали мазутот што бил предмет на истражување имал негативно влијание врз животната средина и дали придонел за загадување на воздухот.

Во Македонија постои Правилник за квалитетот на течните горива кој ги утврдува критериумите што мора да ги исполнуваат сите видови горива што се увезуваат и користат во државата. Кај мазутот се контролираат повеќе параметри, меѓу кои содржината на сулфур, вода, пепел, седименти, точката на палење, калориската вредност, вискозитетот и карбонските остатоци. Контролата се врши преку надлежните институции, пред сè Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат. Во случајот што беше предмет на истрагата не било констатирано надминување на пропишаните гранични вредности. Македонија инаку има една од најстрогите регулативи кога станува збор за квалитетот на горивата.

Според официјалните извештаи на ТЕЦ Неготино, каде што континуирано се следел квалитетот на воздухот, во периодот кој беше предмет на истрагата не било утврдено загадување што потекнувало од работата на централата. Ова е во спротивност со дел од шпекулациите што циркулираа во јавноста за наводно загадување и труење поврзано со работата на ТЕЦ Неготино.

Иако мазутот во јавните дебати често се претставува како проблематичен енергенс, искуствата на повеќе европски земји покажуваат дека неговата употреба не мора нужно да биде поврзана со загадување на воздухот, особено кога се применуваат современи технологии и строги еколошки стандарди.

Финска, Шведска, Германија, Данска и Франција со години го користат мазутот како дел од своите резервни енергетски капацитети. Во Франција постојат термоцентрали на течно гориво кои се активираат во периоди на зголемена потрошувачка или енергетски притисок. Естонија има долгогодишно искуство со искористување на нафтени шкрилци и тешки масла во енергетскиот сектор, додека Грција користи нафтени деривати за производство на електрична енергија на островите кои не се поврзани со главната електроенергетска мрежа. Во Норвешка, иако речиси целокупното производство на струја се базира на хидроенергија, постојат резервни капацитети на нафтени деривати, а земјата е препознатлива и по инвестициите во технологии за складирање на јаглерод.

Но, ако загадувањето во Неготино е од мазутот, зошто градот Скопје е меѓу најзагадените во светот, а не се употребува мазутот?

Согласно лиценците за трговија со нафтени деривати, Регулаторната комисија за енергетика месечно врши контрола од каде купуваат фирмите кои имаат лиценци и каде продаваат. Согласно извештаите, евидентно е дека Скопје никогаш не било загадено поради мазутот, бидејќи главната когенеративна централа ТЕ-ТО работи на гас. И покрај ова, Скопје редовно е помеѓу топ пет најзагадени градови во светот, особено во зимскиот период.

Кога станува збор за економскиот аспект на предметот, важно е што АД Електрани на Северна Македонија во текот на постапката не пријавиле финансиска штета. На овој факт во повеќе наврати се осврна и професорот Гордан Калајџиев, кој јавно постави прашање дали воопшто постои основ за жалба против одлуката на ОЈО ГОКК ако не е констатирана штета.

Анализата на цените на електричната енергија на европските берзи за периодот опфатен со истрагата покажува дека доколку ТЕЦ Неготино не била активирана, Македонија би требало да обезбеди увоз на електрична енергија во вредност од околу 880 милиони евра.

Покрај финансискиот товар, тогашната енергетска криза беше проследена и со сериозни проблеми во снабдувањето. Не стануваше збор само за високи цени, туку и за ограничена достапност на гас, мазут, дизел и електрична енергија. Голем број европски држави во тој период се соочуваа со предизвици во обезбедувањето доволни количини енергенси за сопствените потреби.

Според достапните податоци, ТЕЦ Неготино како ладна резерва ја чини државата приближно 5 милиони евра годишно за плати, одржување и останати тековни трошоци. Од друга страна, официјалните извештаи на ЕСМ покажуваат дека во 2022 и 2023 година централата остварила профит од околу 30 милиони евра.

Конечната одлука за случајот ќе ја донесе Вишото јавно обвинителство. Сепак, и понатаму останува отворено прашањето дали случајот „Мазут“ може да се темели на штета која не е евидентирана ниту од ЕСМ, ниту од државните институции.

РН Деск

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ВЕСТИ June 6, 2026

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови…

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.