Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митреска: Ценовните притисоци кои се забележителни, се привремени-нивниот извор внимателно го следиме!

0
By Mirjana on September 18, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Исто како и во еврозоната, и во земјите од регионот, одредени ценовни притисоци се забележуваат и во македонската економија. Засега, слично како и другите централни банки, овие глобални движења ги оценуваме како привремени, поттикнати од растот на цените на примарните производи и привремените нарушувања во синџирите на снабдување, предизвикани од пандемијата.“ – изјави Вицегувернерката на Народната Банка на Република Северна Македонија, Ана Митреска во рамки на панел-дискусијата организирана од реномираната инвестициска банка „ Вуд и компанија“. 

Таа додаде дека, сепак, имајќи ја предвид високата неизвесност, динамиката на цените и изворите на нивниот раст многу внимателно се следат.

Во рамките на своето излагање, вицегувернерката Митреска се осврна на прашањата поврзани со инфлацијата, коишто со појавата на пандемијата повторно се најдоа во фокусот на централните банки.

 Во рамките на дискусијата, особено внимание ѝ беше посветено на оцената на ефектите од мерките преземени од страна на централната банка како одговор на пандемиската криза. Постојано поволните движења во депозитната база и на девизниот пазар посочуваат дека мерките преземени од страна на централната банка се успешни за смирување на пазарите и одржување на довербата. Исто така, според неа, монетарните мерки беа критични на почетокот на кризата за обезбедување ликвидност, во услови на неизвесни и непредвидливи меѓународни пазари на капитал. Олабавената монетарна политика го поддржа и кредитниот пазар, што беше видливо преку постојаното намалување на цената на кредитите и забрзувањето на кредитниот раст во текот на пандемијата.

 „Сите показатели за стабилноста на девизниот курс и банкарскиот систем и натаму се поволни. Со тоа, мерките преземени од централната банка ги оценуваме како избалансирани, со поддршка за економијата и истовремено одржување на стабилноста.“ ‒ истакна Митреска.

инвестициска банка конференција„ Вуд и компанија“ Митреска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.