Заев утре ќе има средба со лидерот на Алтернатива Африм Гаши и други претставници на опозицијата на која ќе се разговара со новото мнозинство и за стабилизација на државата, вели Јован Митревски од СДСМ во гостување на ТВ24.
– Тие реговори ќе продолжат и какви места ќе се понудат тоа е дадено овластување на Заев од ЦО на партијата и понатаму ќе носиме одлуки низ телата на партијата. Имаме мнозинство во Собранието. Кастриот Реџепи се изјасни дека останува во мнозинството, има и други пратеници со кои се разговара и кои во минатиот период давале поддршка и очекувам тие имиња да се споменат. Имаме мнозинство во овој момент од 61 пратеник, рече Митревски.