Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Бугарија да имплементира барем една пресуда од Стразбур

0
By Ivana on January 17, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не мора да има правило на реципроцитет, но барем да покажат добра волја, да имплементираат една одлука Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од Стразбур и да дозволат ОМО „Илинден“ да се регистрираат во Бугарија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 зборувајќи на тема за преговорите со Софија и нивните барања, меѓу кои и Бугарите да се вметнат во уставот на Северна Македонија.

Мицкоски коментираше дека е чудно истовремено да велите дека не го спорите определувањето на македонскиот народ, а од друга страна да не знаете дека постои македонско малцинство во Бугарија кое има 14 пресуди пред ЕСЧП.

„Добро би било еве оваа ’проевропска и прогресивна‘ влада која ја предводи Петков да имплементира барем една од тие пресуди на ЕСЧП и да им дозволи на луѓето од ОМО,Илинден – Пирин‘ барем да се регистрираат како политичка партија и тогаш јас ќе верувам дека навистина тие не го спорат нашиот идентитет, никој не го спори постоењето на македонскиот јазик итн.“, рече Мицкоски.

Во врска со членството во Европската Унија, тој истакна дека од ЕУ не треба да се откажеме, но не ни требаат преговори по цена на идентитетот.

„Ние не треба да се откажеме од Европската унија, но не треба и да коленичиме, ЕУ по секоја цена не. Ако тоа не чини постоењето и идентитетот, тогаш не споделуваме исти вредности со овој партнер, затоа што јас никогаш нема да го негирам правото на соседот да се определи и да има посебна култура и засебен идентитет и тоа да биде услов за некој да не крене рака. Тоа не е европски туку е далеку од европските вредности“, истакна Мицкоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.