Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Дома да се обезбеди консензус за надвор да имаме посилни позиции

0
By Mirjana on February 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека за да има посилни позиции во разговорите со Бугарија, земјава треба најпрво дома да постигне консензус. Според него, за да се постигне договор со Бугарија, треба да бараме гаранции за македонскиот јазик кој е различен од бугарскиот, како и за македонскиот народ кој има вековна традиција и култура.
Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена за разговор со власта околу сите клучни прашања.
-И ние бараме од Брисел да биде гарант за македонскиот јазик и за македоскиот народ, но бараме гаранција од Брисел, како и од официјална Софија дека до зачленувањето во ЕУ нема на некоја земја да и пречи нашето име. Кога сето ова ќе го видиме на маса, оваа гаранција, тогаш можеме да разговараме за се друго. Во овој момент, таков договор каков што планира да потпише Ковачевски, нема успешно да помине во Парламентот, а бидејќи Петков бара гаранции, барам и јас. Ако има македонски јазик без фуснота и македонски народ со своја култура и историја, ја имаат нашата поддршка. Подготвени сме да разговараме за иднината и за поинтензивна соработка со Бугарија, па дури и за вклучување на Бугарите во Уставот, но прво да видиме гаранции за македонскиот јазик и македонскиот народ, рече Мицкоски.
Коментирајќи ги пораките од Минхен, тој истакна дека повторно на мала врата ќе се „бутка“ истата игра како на времето за промената на уставното име. -Еден ќе потпише едностран договор, заедно со другата страна, односно со бугарската Влада, и секој што ќе биде против тој договор кој очекувам да биде удар врз идентитетот, ќе биде прогласен за анти ЕУ, а секој што ќе го поддржи ќе биде про ЕУ и потоа ќе почне притисокот врз пратеници, омаловажување и понижување на Законодавниот дом. Таа игра веќе сме ја гледале, нагласи Мицкоски.
На прашањето зошто досега немал средба со Ковачевски откако е премиер, Мицкоски одговори дека вратата е отворена и дека стои на располагање за клучните прашања, за дијалог и за тет-а-тет средба.
-Но, но тој до денес не собра храброст да ме повика на лидерска средба и да поразговараме за овие теми за кои разговара секаде по светот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Објаснувајќи што значи најавената „пролетна офанзива“ по средбата со Касами, Мицкоски објасни дека партиите од опозицијата ќе ги искористат сите институционални и вонинституционални инструменти кои им се на рапсолагање – делување во Парлментот, но и на улиците, зашто довербата во власта, како што рече, е се помала, а и народот тоа го очекува од ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со законот за наставниците, Мицкоски го повтори партискиот став – дека на мала врата се овозможува груба партизација во образованието, а за повисоки плати, порача, Владата треба само да го почитува колективниот договор. Мицкоски ја коментираше и состојбата во енергетскиот сектор. -Ако произведуваме како пред седум-осум години, немаше да дојде до ова. Сметките за струја се високи не зашто нема јаглен, туку зашто има многу крадење, недомаќинско работење и неспособност, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски на СИТЕЛ ЗА АКТУЕЛНИ ПОЛИТИЧКИ ТЕМИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.