Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Штип го коментира моделот за покачување на пензиите, кој вчера го презентира Владата претставувајќи го како модел пресликан од Швајцарија.
– Тоа што им го украдоа на пензионерите и за кое што зборувавме уште пред три години, се обидуваат сега да го санираат, претставувајќи го како некој иновативен „швајцарски модел“, а тоа е практично Законот од пред 2018 година, кој што го укинаа, кога донесоа закон со кој им ги намалија пензиите на пензионерите, и сега се обидуваат со некакви трикови да претставуваат швајцарски модел, во кој нема ништо швајцарско, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.
Мицкоски дополни дека неговата партија и тогаш зборувала за колку се оштетени пензионерите и дека зборувала и сега.