Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Она што се случуваше во Собранието во четвртокот е грубо нарушување и прекршување на демократијата

0
By НОВА ТВ on November 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Она кое што се случуваше во Собранието во четвртокот е грубо нарушување и прекршување на демократијата во земјата. Начинот на кој се спречи формирањето на ново парламентарно мнозинство наликува на недемократските и тоталитарните земји во кои е нормално да се заканувате на пратеници, односно луѓе избрани од народот, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на „Топ тема“.

Според Мицкоски, пратеникот Кастриот Реџепи не само што го погазил сопствениот збор поради материјални придобивки, туку го погазил и зборот на политичката партија БЕСА која што за разлика од него на денот на гласање пристигнала во Собранието.

– Крајно несериозно после 24 часа од исчезнувањето на Реџепи, тој да излезе со видео порака на која јасно се гледа дека не ги искажува своите ставови, туку чита нешто кое што му било дадено за да се појави пред јавноста, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски оцени дека во земјава не смеат да се случуваат такви работи во политиката, бидејќи само зборуваат за несериозноста на државата на патот кон ЕУ.

– Ова не се вредностите кои треба да ја красат Република Македонија и не се вредностите врз кои треба да се темели идната на државата, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ со сите опозициски политички партии го делегитимирала Зоран Заев и го спремила за политичка пензија.

Мицкоски обвини дека 59-те пратеници кои се дел од владината коалиција и кои дента не биле присутни на седницата, биле спречени во тоа од лидерите на нивните партии, бидејќи немаат доверба во нив и мислат дека некој од нив сепак ќе гласал за недоверба на Владата.

Тој смета дека во моментов е логично да се одржат предвремени парламентарни избори, бидејќи како што рече ВМРО-ДПМНЕ освои над 42 општини во државата, вклучувајќи го и Градот Скопје, што е неспорен успех.

– Правдата еднаш ќе мора да заживее во државата, а со тоа и да се вратат вистинските принципи и вредности по кои ќе функционира општеството. Владата која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира ќе работи исклучиво на подобрување на економијата, здравството и се она што оваа моментална расипничка власт го клекна на колена, додаде Мицкоски.

Мицкоски посочи дека некои луѓе сметале оти пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат во Собрание и оти нема да бидат дел од расправата за Буџетот за 2022 години, но оти тие сепак поднеле 220 амандмани.

– Ние ќе бидеме трпеливи и мудри. Нема да дозволиме пензионерите да останат без пензии, јавната администрација без плати, земјоделците без субвенции, рече Мицкоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.