Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Петтиот пакет економски мерки е неразвоен и нема да одговори на потребите на стопанството и граѓанит

0
By Нова ТВ on February 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Никаде не видов интензивна реализација на капитални инвестиции, што е основа за раст на економијата во една држава. Не се гледа каде ќе се градат патишта, болници, каде ќе се инвестира во театри, културни институции и градинки, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со петтиот пакет економски мерки најавен од Владата.
Според лидерот на опозицијата, станува збор за неразвоен пакет на економски мерки, кој нема да одговори на потребите на стопанството и граѓаните во онаа мера во која тие очекуваат.
-Никаде не видов интензивна реализација на капиталните инвестиции, што е суштински важна, не се гледа каде ќе се градта патишта, не се гледа каде ќе се градат вболници, не се гледа каде ќе се инвестира во канализации, каде ќе се инвестира во водоводи, театри, културни иснтитуции, градинки реалализација на капитални инввестиции нигде не ја гледаме, што е основа за раст на економијата и поддршка на стопанство и бизнис, тоа во овој 5-ти пакет не го гледам, изјави Мицкоски денеска по посетата на компанијата „Специјал“ во општина Ѓорче Петров.
Тој додаде дека власта игра со ниски кампањи, да им го избрише долгот на граѓаните кон комуналните претпријатија, ако основниот долг го платат на рати, но како што рече, никаде не се споменуваат оние граѓани кои редовно си ги сервисираат обврските.
Мицкоски појасни дека ВМРО-ДПМНЕ амандмански ќе интервенира во предлог законот кој ке дојде во рамки на Комисијата за финанасирање и буџет и за оние граѓани кои редовно ги сервисираат обврските, да имаат определени ваучери кои понатаму ќе можат да ги искористат.
-Помош за стопанството и граѓаните нема. Од тоа што сега беше кажано, а беше потрошено на грбот на граѓаните една милијарда евра, самиот Фатмир Битиќи кажа дека помош била за граѓаните и за стопанството не повеќе од 350 милиони евра. Се поставува прашањето каде отидоа овие останати 650  милиони евра, и кој ги покраде, и да не ни е чудно зошто сме на 111-то место на скалата на Транспарентност Интернационал, односно куќата која практично го мери нивото на корупација и криминал во оваа држава, рече Мицкоски.
Во однос на мерката за тутунопроизводителите, Мицкоски рече дека нивниот род останува непродаден, и платен со убедливо најниска цена, и сега како што додаде, некој дополнително сака да ги понижи со тоа што ќе ги поддржи со 300 милиони денари, поточно 10 денари од килограм.
-Би започнал со оние 300 милиони денари кои треба да добијат тунтунопроизводителите бидејќи минатата недела, во четвртокот имав состанок една група на луѓе кои што преку тутунот ги прехрануваат своите семејства и тие вака ова ми го пренесоа кога јас им кажав дека еве Владата предвидела околу 5 милиони евра, 300 милиони денари за нив и таму немаше етничка припадност беа Македонци, Албанци, Роми, од повеќе етникуми но имаа една мака а тоа е дека нивниот род останува непродаден, нивниот род останува платен со убедливо најниска цена, и сега некој дополнително сака да ги понижи со тоа што ќе ги поддржи со 300 милиони денари или како што велат, 10 денари од килограм, при историски најниска откупна цена која се движи меѓу 120 и 140 денари на килограм и при историски најслабото калибрирање или оценување на класа на тутун, рече Мицкоски.
Лидерот на опозицијата ја поздрави стимулацијата на вработените почнувајќи од 14.500 денари за најмалиот пад на прометот на компанијата од 30 проценти, до 21.000 денари за поголем пад од 80 проценти. Но додаде дека ова треба да продолжи во текот на целата година, не само за месеците февруари и март туку и ретроактивно за јануари, но и за целата оваа година која исто така ќе биде кризна за нашата економија.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.