Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Планот на Заев е да нема договор, оставаме простор преговорите да продолжат

0
By Нова ТВ on September 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски  денеска го обвини премиерот Зоран Заев дека на синоќешната лидерска средба дошол со план за да не се постигне договор и за да ги заштити своите и криминалите на неговите соработници, но остава простор за продолжување на преговорите за законот за јавно обвинителство, на којашто точка и заврши неуспешно средбата.

– Ги констатиравме позициите од двете страни, за жал, не успеавме да најдеме решение и доколку постои опција за натамошни средби оставеме простор во иднина да продолжат преговорите, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Според Мицкоски, Заев дошол со намера да не се постигне успех на разговорите затоа што, како што вели, се видело дека има не план Б, туку план Ц,  со префрлањето на предметите од Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство. Со тоа, смета Мицкоски, Заев си купил мир, но во иднина ќе има одговорност.

Барањето на  Заев, како што рече, за амнестија за сите довело до тоа вчера да не успеат преговорите затоа што не прифатил новото обвинителство што го предлага власта да се занимава со корупција со сите предмети без оглед на времето на предметот и извршителот.

– Заев предложи формирање обвинителство за висока корупција на исто ниво како обвинителството за организиран криминал и корупција, обвинителот да го предложи најголемата опозициска партија, и овие десетмина помошници на помошниците на Јанева заедно со случаите од СЈО да бидат инкорпорирани во рамките на новото обвинителство, без притоа да се почитува Законот за обвинители коишто треба практично Советот за обвинители да предложи кои обвинители треба да работат таму, рече Мицкоски, дополнувајќи дека имало начелен предлог договорен на 30 август што тогаш СДСМ го прифатиле, а другиот ден, со како што рече „небулози и бесмислици го растурија преговарачкиот процес“.

Тој кажа дека Заев не прифатил тоа ново обвинителство да ги истражува Катица Јанева и случајот „Рекет“, иако, како што вели Мицкоски, и таа е избрано лице.

Во врска со користењето на „бомбите“ како индиција за сторен криминал, според Мицкоски СДСМ предложиле, тоа да бидат „бомбите“ 2008 до 2015 година, додека ВМРО ДПМНЕ предложиле тоа да бидат сите материјали без временско ограничување, што не било прифатено другата преговарачка страна.

Мицкоски на прес конференцијата исто така рече дека до нивната партија се доставени искази за случајот „Рекет“, во кои има имиња на власта, но не откри детали. Рече дека ќе ги објави, само доколку тој и неговата партија видат дека водењето на овој случај оди во друг правец.

-Свиркачи во ВМРО-ДПМНЕ ги донесоа исказите дадени кај обвинителката за случајот „Рекет, и наредби за вештањата и резултатите од истите. Тука моето име го нема, но има имиња од луѓе во власта. Внимателно ќе го набљудуваме случајот, и нема да правиме шоуа презентирајќи ги овие документи, се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент кога ќе видиме дека некој не сака да го заштити јавниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

Темата за предвремени избори воопшто не била отворена на средбата, бидејќи како што рече Мискоски стигнале само до првата точка, а тоа била разговорите за законот за ЈО.

Тој обвини дека брифинзите на СДСМ за лидерската биле манипулативни и „измислици кои имаат за цел дефокусирање на вниманието“.

-Заев сака да може тој да контролира, да заташкува случаи. Тој водеше битка за бегање од одговорност на својата фамилија и соработници. Да не се стигне нити до Кирацовски, нити до Ременски. Затоа Заев сака озаконување на криминалот во сопствените редови. Предметите од СЈО да ги пренесат во Јавно обвинителство. Вака Заев си купи уште некој месец мир, но одговорност ќе има, рече Мицкоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.