Денеска премиерот Христијан Мицкоски се сретна со Виктор Орбан во Будимпешта. Тој заедно со владината делегација беше пречекан во кралскиот дворец со интонирање на македонската и унгарската химна, со највисоки државни и воени почести.
Разговаравме за клучни прашања од заемен интерес, зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и европската перспектива на Македонија, напиша Мицкоски за средбата.
Се одржа и заедничка седница на двете влади.

