Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека новото уставно име Република Северна Македонија е реалност и дека врз основа на таа реалност моментално функционира и државата. Името не му се допаѓа и затоа ќе работи ситуацијата да се промени, откако би дошол на власт.
-Ние функционираме во оваа реалност. Оваа партија има пратеници во рамките на Собранието, потпишале изјава тие пратеници со новата изјава. Кој ја донесе таа нова реалност? Зоран Заев ја донесе и ние сме се произнеле по таа реалност многу пати во минатото. Еве, како што велите и вие, дел од градоначалниците коишто се избрани од коалицијата „За обнова на Македонија“ и се дел од ВМРО-ДПМНЕ се произнесуваа. Дали таа реалност ни се допаѓа? Не, не ни се допаѓа, еве ќе ви кажам дека не ни се допаѓа, рече Мицкоски.
Според него, тој би ја променил ваквата реалност откако ќе седне на маса со нашите пријатели и ќе каже дека оваа реалност за граѓаните е понижувачка.