Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски во одговор на пратеничко прашање: За пожарот во Кочани Обвинителството ќе се произнесе во следниот период, никогаш не се изразив за да осудам кого било

0
By Marija Todorovska on April 3, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање  од пратеникот Блерим Беџети од ДУИ, истакна дека Јавното обвинителство ќе се произнесе во следниот период за истрагата за пожарот во Кочани  и истакна дека во изјавите никогаш не се изразил за да осуди некого. Апелира да се почека на исходот и тогаш да се направи заклучок  дали имало селективност или не и дали некој друг функционер ќе биде осомничен.

Беџети на денешната седница за прашања од опозициски пратеници, во прашање  до претседателот на Владата, рече дека „сега главните виновници остануваат недопирливи, а веќе ги објавил имињата на осомничените наместо обвинителот“.

Владата ни вели дека правда ќе има, но вистинската правда треба да произлегува од судството, не од политички прес-конференции. Како може Владата да претендира дека ги прави независно истрагите, кога Вие како премиер изјавивте дека документите на локалот се фалсификувани, пред судството да донесе одлука, рече пратеникот Беџети.

Премиерот Мицкоски кажа дека истрагата е во тек и оти очекува јавното обвинителство наскоро да изнесе нови детали и ќе каже кога истрагата завршила и ги отфрли наводите во прашањето дека влијаел врз истрагата.

Истрагата е сè уште во тек, колку што сум информиран од страна на МВР коешто претпоставувам по службена должност комуницира со ЈО и во рамките на таа истрага, претпоставувам дека ќе има и нови елементи или ќе нема, ЈО ќе се произнесе во периодот што следува. Јас никогаш не се изразив така како што вие велите, кого било да осудам предвреме, иако ние како политичка партија, јас лично и голем дел од нас, знаат што значи да се биде жртва на такви политички квалификации, сме го почувствувале тоа во изминативе 7-8 години, знаеме точно како изгледа сето тоа и не би сакале никому да го правиме тоа, бидејќи за нас важи едно правило: не им го прави на луѓето тоа што не сакаш тебе да ти го прават, рече премиерот Мицкоски во одговорот на прашањето.

Тој напомена дека се оградувал во изјавите и повтори дека постои фалсификуван документ, лиценца, за истиот клуб во кој се случи овој трагичен настан и дека при проверка во архивата на Министерството за економија и труд се констатираше дека под тој архивски број заведен е поинаков документ.

Мицкоски напомена дека во периодот кој го истражуваат обвинителите од 2008 па наваму министри за економија биле без прекин предлози на Демократската унија за интеграција.

Јас не би сакал да алудирам или да зборувам повеќе од ова. Да почекаме, да видиме и да направиме тогаш заклучок дали било селективно или не, дали некој друг полициски функционер ќе биде осомничен. Само тогаш ве молам, немој повторно да обвинувате или да инсинуирате или да испраќате пораки какви што испраќате во континуитет, рече премиерот во одговорот на пратеничкото прашање на Блерим Беџети.

Беџети на почетокот на седницата го критикуваше и отсуството на министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и побара во иднина да го обезбеди негово присуство, за да како што нагласи, го испочитува Собранието кога се поставуваат пратенички прашања

Мицкоски пратениќки прашања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.