Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ прва работа за која треба да се води сметка при дебатата за тоа кога ќе се одржат избори е здравјето на граѓаните.
Јас верувам и во Комисијата за заразни болести и капацитетот на техничката Влада и ако тие оценат дека здравјето на граѓаните не е загрозено и ако сите ние имаме можност да водиме предизборна и изборна кампања без да го загрозиме здравјето на граѓаните, тогаш јас навистина ќе чекам да слушнам каква ќе биде нивната оценка. И затоа рековме еве нека кажат тие луѓе дали постојат првин елементарни услови да имаме кампања која нема да ги загрози граѓаните. Нема да имаме кампања и предкампања во која што ќе ги броиме новозаболените, нема да бориме луше кои што ќе го загубат животот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на Топ Тема на Телма.
Мицковски исто така рече дека Државната изборна комисја треба да соопшти колку и е потребно за спроведување фер и кредибилен процес. Потоа да се види и кога ОБСЕ ќе може да ја обезбеди набљудовачката мисија. Дури потоа како што вели Мицковски треба да разговараме за датум.
Христијан Мицковски на гостувањето на Телма го обвини Зоран Заев дека за него не било важно здравјето на граѓаните и дека на лидерската средба тој зборувал само за датум за избори.
“Од самиот почеток на средбата, господинот Заев почна да лиферува со дати, а сите други зборуваа за здравјето на граѓаните. Прво рече 14 јуни, па дури потоа почна да зборува доколку Комисијата за заразни болести дозволи. Сите на лидерската средба беа вчудоневидени” изјави Мицковски.