Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицковски треба да ги заборави засекогаш ликвидациите

0
By Биљана Секуловска on September 22, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тогаш кога падна на колена лидерот на ВМРО, Христијан Мицковски, затоа што само така се поклонувало пред народот, тогаш се премести се во Универзумот. Неговата порака се втурна во иднината со која сите сака да не заплаши, согласно вмровските историски принципи од 19. век, за она што тие сметаат дека претставува патриотизам, а кој се сочувува и негува само со братоубиствени пресметки, ликвидации, класични убиства: “Ако водам, следете ме. Ако се двоумам, поттурнете ме. Ако ве предадам, убијте ме.”

Ова ужасно сценарио кое Мицковски го креирал во својата визонерска слика за светот и за себе во него, покажува дека тој замислува дека модерната политика подразбира безмилосно решетање меѓу приврзаниците на партиите, како да се вратил часовникот некој век назад, кога вмровските патишта беа добро познати, трасирани само за сурова одмазда, насилство и бес.

Распукаа спомениците на Скопје 2014, одбивајќи да се жртвуваат понатаму на касапењето на иднината, во која и тие влетаа изненадено, лоботомирано, дефектно извајани, произведувајќи генерации емотивни инвалиди.

Откако падна на колена Мицковски, и се понуди на егзекуторите од ВМРО да го убијат слободно, доколку тој на Референдумот не ги исполни нивните очекувања, заплакаа приврзаниците на бојкотот, Русија се расцепка на милион парчиња кои станаа прашина од експлозијата на емоции соединети во срцата, се втурна во прегратките на путинистите и орбановците од овие краишта.

Тогаш кога Мицковски падна на колена, тоа беше само почеток на крволочните сценарија во кои тој се гледа како доброволна жртва на евентуалното предавство пред вмровската братија, брадосана разјарена толпа, жедна за крв, за крст, кандило и темјан низ неговата аура.

Тој има некаква искривена фантазија дека паметењето на луѓето од овие краишта е неверојатно кратко, непосточко, како да изумрело, а иднината дека се замислува преку повиците за ликвидации, како да се романтична претстава за сопствената улога во историјата.

Тој се однесува како како да се исекол со сатар на ситни парчиња мозокот на овие луѓе тука, како да се пресадува некое ново сведоштво, како да ќе исчезне се како ништо да не било, како навистина дека ништо не се случило.

Како да се трансплатирале нови клетки, нови органи, наместо старите, оние кои блујат, кои имаат горки вкусови, искинати гласни жици, како да занемеле сите.

Како да не избришал сите со име и презиме, како да паѓа на колена на нови луѓе, насадени тука, одгледани под стаклени градини, кои не знаат ништо, кои немаат меморија, ниту тага, ни бес од времето во кое тој служеше еднакво така на колена, времето на груевизмот.

Падот на Мицковски  е посмртна ода на неговата партија, која преживеа и покрај се, а која ќе биде надживеана после 30 октомври, која допрва ќе се дели, парчи и сецка, но ништо автентично нема да остане, затоа што и никогаш немало, после вистинските творци пред вековите.

Оваа партија на  Мицковски никогаш нема да биде силна, грамадна, бестрашна, фуриозна опозиција, за каква сонува секоја демократска земја да ја има. Таа никогаш нема да може да ја фрли на колена оваа власт, конечно таа нема да може да соголи, обезличи, победи, потчини, ниту една власт, ниту еден владетел.

Затоа што вистинска опозиција ја има во предвид само иднината на земјата,  иднина во која таа учествувала, придонела, се борела, ја освоила со совест, чест, принципи и свест за најдобрата можна иднина на својата земја.

За тоа не се потребни очајничките повици да го имаат предвид во меѓусебните колежи, за тоа не се потребни колената на Мицковски, туку горниот дел од телото. Оној кој го држи вратот и кој управува со центарот за расудување, кој би требало да има визија за најдобрите денови на својата земја кои допрва треба да претстојат, за да се памети дека чесно се изборила таа глава, тоа срце, тие колена, кои залудно се фрлиле, затоа што не знаеле зошто се потрошени, зошто сиот тој труд, таа претстава, тоа губење време, кога крајот во политиката и онака доаѓа.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.