Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис: Имав некои реални прашања со Договорот од Преспа, но го почитував

0
By Marija Todorovska on May 27, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имав некои реални прашања со Договорот од Преспа, кој го склучи претходната Влада. Но, го почитував. Се обидовме да соработуваме со Северна Македонија за да ѝ помогнеме во нејзиното европско патување. Но, за некој да се приближи до Европа ќе треба да го почитува европското законодавство и да постигне напредок во прашањата што се однесуваат на владеењето на правото, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во британскиот поткаст „The Rest is Politics“.

Мицотакис говореше и за европската перспектива на Западен Балкан, откри дека една од работите што ќе ги направат во текот на следниот европски циклус е одново да го разгледаат процесот на проширување.

– Што значи во пракса да се стане член? Кои се можеби меѓу-фазите што можеме да ги поставиме за овие земји за да разберат дека како што напредуваат, ќе постојат и придобивки. Затоа што во моментов, треба да бидеме искрени, граѓаните од Западен Балкан не веруваат дека ќе станат дел од европското семејство. Станува збор за голем проблем, истакна Мицотакис.

Објасни дека постојат одредени земји, како што е на пример, Црна Гора, која напредува и треба да биде наградена, истакнувајќи дека не станува збор за „камшик“ и „долга листа на работи што треба да ги провериме и да им кажеме дека не им оди добро“.

-Треба исто така да се потсетиме, да ги видиме нашите сопствени патишта. Грција влезе во Европската Унија во 1981 година. Ако денес бевме кандидати „ќе ги имавме штиклирано сите полиња“? Мислам дека тоа беше политичка одлука донесена тогаш, со голема поддршка од Жискар Д’Естен. Германија беше воздржана. Земјата излегуваше од хунтата. Во овој случај повеќе беше геополитичка одлука, а помалку технократска. Но, во одреден момент треба да се постигне одреден напредок. Но, ве разбирам кога велите дека во одреден момент ќе треба да се донесат одредени храбри политички одлуки, истакна Мицотакис.

Паралелно повтори дека Грција е голем поддржувачи на ЕУ перспективата на Западен Балкан, бидејќи, како што рече, тоа е и во нејзини интерес, затоа што „станува збор за нашето непосредно соседство“.

-Солунската декларација од 2003 година, односно од пред 21 година, за првпат ја спомена потребата Западен Балкан да се доближи до Европа, но сè уште немаме постигнато доволен напредок. Постои нова динамика и како резултат на ситуацијата во Украина и треба да ја искористиме. Затоа треба да ги наградиме земјите кои навистина постигнаа најголем напредок, рече Мицотакис.

Договорот од Преспа Мицотакис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.