Добитникот на Нобеловата награда за мир во 1991, Сан Су Кји најави потенцијална кандидатура за претседател на Мјанмар.
„Сакам да се кандидирам за претседател и навистина го мислам тоа“, изјави таа на Светскиот економски форум во Мјанмар.
„Доколку се преправам дека не сакам да бидам претседател, не би била искрена а тоа не е фер пред мојот народ“, додава Су Кји.
Одлучноста на Су Кји да ја извлече нејзината земја од задушената воздржаност на воениот режим конечно се сфаќа после повеќе од две и пол години од нејзиното ослободување.
Според неа и по две години од претседателството на Тин Син, огромното мнозинство луѓе во Мјанмар не гледаат придобивки од реформите.
„Доколку поразговарате со луѓето на улица, со луѓето во селата, многумина ќе кажат дека нивните животи не се променети од 2010 наваму“.