По силниот земјотрес кој утринава се случи во Мјанмар, 7,7 степени според Рихтер, не можат да се добијат никакви информации за штетите.
На социјалната мрежа X беше споделено видео на кое се гледа висококатница која се урива, но од тогаш Би-Би-Си не може да стапи во контакт со агенциите за помош кои се на терен.
Зошто нема никакви информации?
Со Мјанмар од државниот удар во 2021 година управува воена хунта, што го отежнува пристапот до информации, јави Би-Би-Си.
Државата ги контролира речиси сите локални радио, телевизија, печатени и онлајн медиуми.
Употребата на Интернет е исто така ограничена.